(ВИДЕО/Рецепт) Италијанска оброк салата готова за 10 минути: Лесно и вкусно летно јадење за целото семејство

Идеален оброк доколку немате многу време, а вкусот е фантастичен
Оброкот салата е совршен за летниот период кога високите температури го прават неподнослив престојот покрај шпоретот. Можете да ги носите на работа или да ги подготвите за ужина за децата.
Ви донесуваме рецепт за италијански оброк салата со тестенини и домати кој ќе им се допадне на сите. Ви требаат само десет минути.
Состојки:
100 гр тестенини
половина главичка кромид
половина лажица сок од лимон
зелена салата
350 гр чери домати
маслиново масло
сол
црн пипер
50 гр пармезан во ливчиња
Подготовка: тестенините сварете ги во солена вода, а потоа исцедете ги. Во сад ставете го сечканиот кромид, па додадете го сокот од лимон, исечканите листови зелена салата и чери доматите.
Додадете ги исцедените и со ладна вода измиени тестенини, па прелијте ги со маслиново масло. Кога сè ќе измешате, додадете сол, црн пипер и пармезан
Целата процедура погледнете ја во видеото:


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денешен хороскоп (27.04.2024): Бикови не чекајте нешто да се случи на вашиот љубовен план, за лавовите потребно е повеќе внимание и разбирање

Овен Работа: Опуштениот прв ден од викендот е за повеќето Овни да уживаат првенствено во …