(ВИДЕО) РЕТКА БОЛЕСТ: Човекот дрво имал пекол од животот: Сега се’ почнало да се менува!

Човек од Бангладеш, познат и како „Човек дрво“, сега е во можност да јаде сам сам,по првпат во една деценија, откако хирурзите ги отстраниле гранките.
Абул Бајандар (25) се борел со овој проблем уште од својата 15. година, кога било забележано дека страда од ретка болест, Epidermodysplasia Verruciformis.


„Се чувствувам страшно, немирен сум истрашно тешко ми е што не можам да седнам или да стојам на едно место. Тоа едноставно ме излудува“, рекол тој.
Оваа болест е всушност вирус, кој предизвикува појава на тумори низ целото тело и го зголемува производството на кератин, супстанци од која се прават нокти. Абул со својата мајка, сопруга и ќерка патувал со автобус шест часа за да стигне од своето село во Дака, за да добие лекарска помош.
„Дојдовме во Дака да му дадеме најдобра можна грижа на Абул. Ако мојот син се опорави, тој ќе може да се грижи за нас во иднина, да ја одгледа својата ќерка и да живее нормален живот како и сите други“, рекла неговата мајка.


Иако оваа болест е многу ретка, Абул не е првиот човек што имал толку екстремна реакција на овој вирус.
Деде Косвара, човек од Индонезија, е првиот човек на светот кој го добил прекарот „Човек дрво“. Исто така, тој беше подложен на операција за да ги отстрани израстоците.
Бидејќи лекарите сега биле повеќе запознаени со болеста, тие можеле да му помогнат на Абул на вистински начин. Абул бил воодушевен од исходот од операцијата.
„После операцијата, рацете сега ми се многу полесни“, рекол тој.
Неговата сопруга додала дека и олеснило од тоа што операцијата поминала добро и дека наскоро ќе може да се врати во нормала.
Погледнете го видеото:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

dm Beauty o’clock:  Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!

На 14 мај, Ragusa Rooftop – 360 беше центар на светот за убавина за повеќе …