(ВИДЕО) Реакцијата на куче кое по првпат го гледа Дарт Вејдер станала вирална

И покрај тоа што кучињата оставаат впечаток дека се бестрашни, тие бегаат од Дарт Вејдер. Видеото од реакцијата на кучето кое за прв пат видел еден од најпознатите негативци стана вирално на социјалните мрежи.
Видеото го споделил поранешниот американски кошаркар Рекс Чепмен на Твитер, а во него еден златен ретривер лежи на каучот и гледа „Војни на Sвездите“. Во моментот кога Дарт Вејдер се појавува на екранот, кучето се плаши, скока од софата и се крие зад него, внимателно погледнувајќи во телевизорот.


Видеото првично беше објавено на TikTok и собрало над 4,7 милиони прегледи. Се здоби со таква популарност што ја сподели и актерот Марк Хамил, кој го играше Лук Скајвокер.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …