(ВИДЕО) РАЗЛИЧЕН НАЧИН НА ПОДГОТОВКА – Рецептот кој ги освои социјалните мрежи: Јајца на начин на кој веројатно никогаш не сте пробале

Доколку ви здодеаа различни видови омлети или пржени јајца, рецепт споделен на социјалните мрежи носи едноставна техника за подготовка на јајцата на малку поинаков начин.
На социјалните мрежи често можете да најдете идеи за подготовка на јадења од состојките кои ги користите секојдневно, но на малку поинаков начин.
Токму ова е рецептот за пржените – варени јајца кои се подготвуваат во корпички за мафини наместо вообичаените начини на подготовка.
Наместо во зовриена вода, овие може да се подготват и во ладна вода бидејќи корпчките ги штитат од распаѓање.

Подготовка: корпичкте за мафини ставете ги во тавче наполнето со вода и скршете по едно јајце во секое поединечно. Зачинете ги јајцата по желба, а тенџерето покријте го веднаш штом водата зоврие.
Во рецептот е наведено и колку минути се потребни за да се варат јајцата по вриењето на водата:
– 2 минути: за мека жолчка како што е прикажано на видеото
– 4 минути: за кремаста жолчка
– 6 минути: за тврдо варена жолчка од јајце


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …