Една работничка решила јавно да понижи љубовник…
Еден маж од Монтреал решил да купи два прстени, едниот за девојката, а другиот за љубовницата, а работничката од златарницата се погрижила да не остане неказнет.
Имено, таа на социјалната мрежа Инстаграм објавила видео за да измамената жена го препознае.
– Ако вашето момче се вика Џејк и живее во Монтреал, треба да знаете дека тој само што купи два прстени. Едниот за неговата девојка, а другиот за неговата љубовница. Вака изгледаат прстените. Вие заслужувате подобро – и порачала продавачката на измамената девојка и додала дека жените мора да се поддржуваат едни со друга.
@ferreirorocheGotta support my girls #foryou #fyp
Снимката набргу станала хит на Интернет и собрала повеќе од милион прегледи и 100.000 лајкови.
Фото:Принтскрин/Tik Tok/ferreiroroche