Досега сите ја разбиравме важноста на јакиот имунитет.
Консумирање на едноставни намирници може да направи чуда за имунитетот. Но, некои од нив се подобри кога се консумираат на празен стомак затоа што тогаш вашиот дигестивен систем не е оптоварен со други дигестивни должности. Тоа ви помага да ги искористите максималните благодети.
Еве три намирници кои можете да ги јадете на празен стомак за да го зајакнете имунитетот:
Лук
Лукот има антибиотски и антибактериски својства. Може да ви помогне природно да се одбраните од инфекции. И не само тоа. Исто така, може да помогне во регулирање на нивото на шеќер во крвта, да го подобри здравјето на срцето и да помогне во лекување на други проблеми поврзани со белите дробови. Вклучувањето лук во вашата утринска рутина може да ве оддалечи од разни заболувања.
Амла
Амла, исто така наречена индиски огрозд, е преполна со витамин Ц и е одлична за вашиот имунитет. Богата е и со антиоксиданти, кои го подобруваат нашето здравје кога се консумираат на празен стомак.
Мед
Многумина веруваат дека една лажичка мед со топла вода на празен стомак прави чуда за слабеење, кожа и имунитет. Можете да додадете лимон во мешавината на вода и мед, што ќе го промени вкусот, но исто така ќе додадете и хранливи материи. Овој пијалок е полн со антиоксиданси и помага во борбата против слободните радикали во организмот, пишува Times Of India.