(ВИДЕО) Пронајдена соба за робови во римска вила во близина на Помпеја – Погледнете како изгледа!

АРХЕОЛОЗИТЕ ископале соба во вила во близина на Помпеја која фрла светлина на условите за живот на робовите во тој римски град кој бил покриен после вулканска ерупција.
Собата е добро сочувана, содржи три дрвени кревети и голем број други предмети како амфори, керамички вазни и ноќници.
„Ова ново важно откритие го збогатува нашето разбирање за секојдневниот живот на древните Помпејци, особено за класата на општеството за која сè уште не се знае многу“, рекол италијанскиот министер за култура Дарио Франческини.
Според римските закони, робовите се сметале за сопственост и немале статус на личност.


Собата имала прозорец на врвот
Пронајдена е соба за робови во близина на церемонијалната кочија откриена претходно оваа година, недалеку од шталите на античката вила во Civitа Giuliani, на околу 700 метри северно од ѕидините на Помпеја.
Археолозите на креветите пронашле дрвен сандак со метални и предмети од ткаенини кои би можеле да бидат опрема за коњаници. На еден од креветите била пронајдена конструкција за влечење кочија.
Двата кревети се долги 1,7 метри, а третиот само 1,4 метри, што покажува дека собата можеби припаѓала на помало семејство робови, соопштило Министерството за култура.
Собата има 16. квадратни метри и мал прозорец на врвот, а служела и како магацин – во аглите имало осум амфори.
Помпеја, која се наоѓа на 23 километри југоисточно од Неапол, во времето на ерупцијата на Везув на 24. август 79. година, била дом на 13.000 луѓе. Археолошкиот локалитет бил откриен дури кон крајот на 16 век.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

3 најсреќни знаци во август 2024 година: Ретроградниот Меркур ќе им користи, ќе се појават клучни луѓе!

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …