(ВИДЕО) Професор победил во британскиот „Милионер“ – го знаете ли вие одговорот на прашањето кое му донело 1. милион фунти?

Еден маж од Велика Британија стана само шести натпреварувач кој успеа да одговори точно на сите прашања во британската верзија на квизот „Дали сакате да станете милионер“, пренесуваат тамошните медиуми.
Доналд Феар успеал во ова со користење само на една помош, пола – пола.
„Како да седите покрај интернет“, кратко прокоментирал воодушевениот водител за неговото знаење. Тој не само што брзо одговорал на прашањата, туку дал и објаснувања за неговите одговори, до последниот, што значеше и дека освоил милион фунти.
Феар, инаку, е професор по историја и политика во средно училиште, а тој изјави дека одговорот на последното прашање го знаел уште пред да ги види понудените одговори.
Бидејќи шоуто не се прикажува во живо, победникот веќе открил дека дал отказ откако ги освоил парите, но дека не планира да живее екстравагантно.
57-годишникот не е во искушение ниту да патува, поради пандемијата на коронавирусите, пренесува британски The Sun.
Тој ќе купи кампер, и планира да донира 70% од профитот на неговото семејство – многумина имале проблеми со приходот поради пандемијата, па затоа е среќен што може да им помогне, тврди Феар.
Дали вие би го знаеле одговорот на последното прашање? Еве како гласи и кои одговори се нудат. Одговорот е под снимката.

Кој пират бил убиен во битка на територијата на денешна Северна Каролина во 1718 година?
а) Калико Џек
б) Црнобрадиот
в) Бартоломју Робертс
г) Капетан Кид


Точниот одговор гласи: б) Црнобрадиот

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …