(ВИДЕО) ПРЕСЛАТКО – Го прашал братот, со Даунов синдром, да му биде кум: Неговата реакција ќе ве растопи

Вил Клаусен (24) ќе стапи во брак во јули 2021. година. Тој го замолил неговиот брат Хенри (22), кој има Даунов синдром, да му биде венчан кум, а неговата реакција е премногу слатка.
Вил го замолил неговиот брат Анри (22) да биде неговиот венчан кум така што закопал шише со порака.
„Хенри, ти си веќе мојот најдобар брат и мојот најдобар пријател, затоа те молам кажи ДА и биди мојот најдобар венчан кум“, се вели во пораката.
Целата ситуација е снимена на видео а Вил ја споделил на неговиот Инстаграм профил. Хенри, кога дознал дека неговиот брат сака тој да биде неговиот венчан кум, бил преплавен со емоции и веднаш скокнал во неговата прегратка.


„Хенри ја има најслатката душа и никогаш не кажал ниту еден лош збор на никого и тој е едноставно најдобриот избор за кум“, рекол Вил.
Видеото сега е видено повеќе од 48.000 пати на Инстаграм, пренесува Insider.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …