(ВИДЕО) Глумицата од филмот „Ивкова слава“ открила:„Ме силуваше моќник од српската филмска индустрија!“

Српската актерка Данијела Штајнфелд, која многумина ја паметат по улогата на убавата Мариола во филмот „Ивкова слава“, открила дека ја силувал моќен човек од српската филмска индустрија.
Данијела, која моментно живее во Америка, го режираше својот прв филм „Hold Me Right“, кој премиерно се претстави на Сараевскиот филмски фестивал,а кој зборува за сексуалната злоупотреба и последиците што ги остава на жртвите.


Gepostet von Danijela Stajnfeld am Dienstag, 16. Mai 2017

Како што пренесува Variety, за филмот таа била инспирирана од силувањето кое го доживеала пред неколку години, по што заминала во Соединетите држави. Таа не открила кој ја силувал, туку само дека е моќна личност во српската филмска индустрија.
Таа рекла дека на почетокот нејзиниот план не бил да ја вклучи нејзината приказна во филмот, но дека сепак одлучила да го стори тоа. Таа признала дека се борела со траумата по доаѓањето во САД, но дека и помогнала да зборува за тоа.


“Бев изненаден од фактот дека само тоа што можам да зборувам за тоа ми помага да се чувствувам подобро. Тоа е заздравување. За мене, тоа беше одлично откритие”, рекла таа, додавајќи дека со овој филм сакала да им помогне на другите жртви на силување.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …