(ВИДЕО) ПРЕД ПРЕМИЕРАТА НА ФИЛМОТ – Двејн Џонсон го совладале емоции кога се сретнал со расплакан обожавател

Двејн Џонсон признал дека го преплавиле емоции додека потпишувал автограм за страстен обожавател во Мексико Сити.
Додека започнува прес-турнејата за најновиот филм на Џонсон, актерот се дружел со обожавателите кои со нетрпение го очекуваат новиот филм на премиерите.
Сепак, еден момент се покажал премногу дури и за Џонсон, кој останал без зборови додека еден фан му подал реплика на неговиот шампионски појас во WWE.
Додека The Rock ги испишувал своите иницијали на појасот, обожавателот видно се тресел и плачел додека му се заблагодарувал на актерот.

View this post on Instagram

A post shared by Dwayne Johnson (@therock)


Бил толку воодушевен што дури и го испуштил пенкалото додека филмската ѕвезда му го враќала.
Рок ја објави прекрасната интеракција на Инстаграм со натпис: „Емотивна ноќ. Многу солзи радосници. Дури и мојата ладна, темна душа станува малку емотивна кога гледам како луѓето се кршат и плачат. Тоа е прекрасна работа. Ви благодарам Мексико. И јас ве сакам”.
Видеото трогнало многу фанови.
50-годишниот актер моментално се подготвува за издавањето на филмот Black Adam, во кој ја глуми главната улога како корумпиран анти-херој кој се обидува да го исчисти своето име и углед.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …