Неповторливиот Божо Вреќо во ноември доаѓа во Скопје, картите пуштени во продажба

Лирскиот тенор со ангелски глас што преку звук ги отсликува најдлабоките емоции, Божо Вреќо, на 1 ноември од 20 часотво салата на Македонска филхармонија во Скопје, подготвува неповторливо доживување за љубителите на севдалинките. Картите се веќе пуштени во продажба.
Пристап кој е навистина катарзичен, трансверзален и единствен, како што пишуваат светските медиуми – францускиот АРТЕ, американскиот Њујорк Тајмс и шпанскиот ЕлПериодико. Споменатите медиуми го нарекуваат „икона на слободата, ангелски глас што ги гали душите и ги отвора срцата“.
Со својот ангелски кастрато глас, Божо Вреќо ги пее најдлабоките емоции со кои секој може да се идентификува. Тој пее за љубовта, копнежот и разделбата, за тагата, меланхолијата и осаменоста. Секој стих на Божо е како исповед и препознавање на љубовта, па оттука и магијата на неговите концерти.
Соработува со исклучителни уметници со светска слава, со кои напиша и нови текстови на севдалинки, кои неговата сẻ поширока и многубројна публика едноставно ги обожава, од Лејлија па се до Саба. Божа Вреќа навистина го краси извонреден опус, бидејќи внесува многу труд и љубов во музиката, но и во истражувањата на балетот и операта, како и во документарните филмови за севдалинката, која ја збогатува со својот авангарден пристап. Се разбира, тој го проучува и мистицизмот на балканската автохтона монофонична и полифона музика.

This image has an empty alt attribute; its file name is bozo.jpg
Неговите концерти се целосен суфиски транс кој пред се целосно ослободената севдалинка го носи во себе. Ги ослободува сите потиснати емоции кај луѓето и на тој начин предизвикува солзи на концертите, како и некои натприродни енергии кои течат од личност до личност и заедно формираат бран на восхит, љубов и катарза.
Дуалитетот со кој зрачи овој извонреден уметник го прави еден од најзначајните толкувачи на модерната карасевда, која жанровски навлегува во сферата на џезот, блузот, духовното и полифонијата.
Моментално работи на филмска музика за ладино песни во Босна и Херцеговина. Една од песните, Малдича, ќе биде дел од документарниот филм за него, за севдалинката и за Сараево наречен „Сараево стерео“, продуциран и режиран од Канакифилмси продукцијата Медикус Мунди од Мадрид и Барселона.
Карти може да купите на Karti.com.mk.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …