(ВИДЕО) Позната Тиктокерка убиена во 21. година пред нејзината куќа: Непознат млад човек ја замолил да излезе, а потоа била пронајдена МРТВА

Мотивот за убиството не е познат…
Младата тиктокерка Карла Пардини е пронајдена мртва пред својот дом во Мексико. Како што пренесуваат медиумите, инфлуенсерката добила покана од непознат маж да излезе пред куќата, а после тоа била пронајдена мртва.
Минувачи, кои случајно се нашле таму, велат дека виделе неколку маскирани и вооружени лица, кои наизменично се нашле таму.
– Истрагата ја водиме во најголема тајност, за да не го предупредиме евентуалниот осомничен – рекол главниот државен обвинител.

@karlapardini


♬ sonido original – Karla Pardini


Карла на популарната платформа имала преку 90 илјади следбеници, а нејзиноите содржини најмногу се однесувале на модата. Последното од трите видеа таа го објавила на 18. и 19. септември со малку чудни наслови на шпански.
-Кога ќе ти кажат дека не можам да те поднесам и накратко: се надевам дека не ти се допаѓам – стои во описот. Полицијата соопштила дека снимката за која станува збор можеби е поврзана со нејзиното убиство.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …