Стандардите за машка убавина се разликуваат од земја до земја, а YouTube каналот „Brightside“ се обиде да дефинира некои основни принципи според кои би се оценувала нечија убавина.
Испитаничките од 6. земји не можеле конкретно да одговорат на ова прашање, но дале пример за убав маж врз основа на познати ѕвезди во одделни земји во светот.
САД
Според магазинот People, најатрактивни мажи во САД се Пол Руд, Мајкл Б. Џордан и Џон Леџенд. Кога станува збор за мажи од САД и Канада, мускулестата градба и светло кафената кожа се нивните стандарди за убавина.
View this post on Instagram
Индија
Според една анкета, најатрактивни мажи во Индија се актерите Шах Рук Кан, Амир Кан и Хритик Рошан. Главниот стандард за убавина во Индија е посветлата боја на кожата, која се промовира и преку нивните медиуми. Индиските стандарди се сосема слични на американските стандарди: висок, мускулест маж, светол тен и бујна коса.
View this post on Instagram
Обединето Кралство
Анкетата од 2021. година покажува дека Том Харди е најатрактивниот маж за Британците, а оваа година Ричард Маден има големи шанси да ја освои таа титула.
Според податоците од истражувањето, идеален тип на маж за Британките е атлетска градба, кафени очи, кратка темно кафеава коса и кратка брада. Откриено е дека мажите со брада се 60. отсто попривлечни од мажите без брада.
View this post on Instagram