Обожавателите сè уште со нетрпение ја исчекуваат долгонајавената премиера на биографскиот документарен филм, на кој сè до својата изненадна смрт работеше легендарниот Џорџ Мајкл.
Со цел да ги наградат за чекањето и верноста, авторите на документарецот објавиле и одамна снимени сцени од култниот видеоспот „Freedom”, кој за првпат ќе излезат во јавноста.
Во декември оваа година, точно на Божиќ, ќе се одбележи една година од трагичната смрт на славниот пејач Џорџ Мајкл. Неговите обожаватели сè уште не можат да се помират со фактот дека тој не е повеќе на овој свет, па затоа сè што е поврзано со него, го дочекуваат со широки раце.
И’ додека сè уште се очекува долгонајавуваниот документарен филм, авторите одлучиле да ги развеселат најверните фанови и по пат на интернет објавиле досега невидени сцени од легендарниот спот за песната “Freedom”.
За оние кои можеби не знаат, иако се појавуваат ретко, во спотот учествуваат и најпознатите супермодели од 90-тите: Синди Крафорд, Линда Евангелиста, Наоми Кембел и Кристи Тарлингтон.
Станува збор за сцени од снимањето кои очигледно биле скриени некаде на дното од фиоката и дури сега, 27 години подоцна, тие заживеаја.