Загрижени сосед пријавил во полиција чудни звуци што му се чинеле дека се повик за помош. Полициските службеници во округот Палм Бич излегле на теренот и на пријавената адреса пронашле маж, кој се чини дека, во неговиот двор, го поправал автомобилот, јавува The Palm Beach Post.
„Ги менував сопирачките на автомобилот на жена ми, а мојот 40-годишен папагал Рамбо беше во задниот двор, зборуваше и пееше. Малку подоцна, се појавија четворица полицајци, велејќи дека соседот се јавил затоа што слушнал жена како вика за помош“, рекол мажот.
Службените лица веднаш ги запознав со Рамбо и сите добро се изнасмеавме. Потоа, Рамбо го запознал и со сосетката која го пријавила. И таа убаво се изнасмеала.
Понекогаш Рамбо вика „помагај, помогни, пушти ме надвор“. Сопственикот тоа го научил уште кога бил дете, а Рамбо времето го минувал во кафез.