(ВИДЕО) ПОКРЕНАТА ИСТРАГА- Јутјубер искокнал за време на летот и намерно го уништил сопствениот авион

Поранешниот олимписки сноубордер и јутјубер Тревор Џејкоб скокнал за време на летот и наводно намерно дозволил пад на сопствениот авион.
Џејкоб полетал од Санта Барбара, а моторот на неговиот авион се исклучил за време на летот. Обидите за палење на моторот не успеале, па јутјуберот решил да скокне и со падобран да се спушти на земја додека неговиот авион се урнал. Сè било снимено со неколку камери, вклучително и селфи стап што го носел јутјуберот.


Видеото е објавено на Јутјуб, а властите покренале истрага поради сомнежот дека несреќата е всушност наместена за Џејкоб да добие што повеќе прегледи.
Тој е познат на YouTube по видеата што ги снима за искуствата во спортот, како и авантурите што ги доживеал во минатото. Во моментов има повеќе од 130.000 претплатници, а видеото собрало повеќе од милион прегледи од 24 декември.
Прво бил обвинет за местенката од други Јутјубери, што било видливо во коментарите, а по 5.000 коментари Џејкоб ја отфрлил можноста да коментира. Тој објавил и пократка верзија за инцидентот.
Покрај тоа, тој тврдел дека секогаш носи падобран, а прегледувајќи ги другите негови клипови, Јутјуберите заклучиле дека тоа не е така.
Покрај голем број детали кои Џејкоб не ги објаснил, тука е и фактот дека Џејкоб го купил авионот еден месец пред инцидентот и дека на леталото му требало повеќе сервисирање. Многумина веруваат дека Џејкоб воопшто немал намера да го заврши патувањето, туку да скокне и намерно да дозволи авионот да се урне и да биде уништен.
Инструкторот Боб Пери рекол дека е чудно што јутјуберот решил да скокне од авионот наместо да се обиде безбедно да слета, а на видеото исто така се гледа како Џејкоб се движи кон местото на несреќата наместо кон безбедно место. Исто така, The Drive објавил дека друг авион на YouTube кружел над местото на несреќата неколку дена претходно.
Остатоците од уништениот авион од шумата биле извлечени со хеликоптер.
Истрагата е во тек, а резултатите би можеле да се знаат дури за една година.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …