Колку некои луѓе се опседнати со мобилни телефони и правење селфи, покажала една Канаѓанка која се качила на врвот на автомобил кој тонел за да се фотографира.
Откако нејзиниот автомобил влетал во река покриена со мраз и почнал да тоне во неа, згрозените локални жители притрчале на помош за да го спасат животот на жената. Но колку се грижела за целата ситуација најдобро говори фактот што го извадила мобилниот телефон за да снима се.
Listener video of a water rescue on the Rideau River in Manotick #ottnews #TheMorningRush @billcarrolltalk pic.twitter.com/81CdtxFSYX
— 580 CFRA (@CFRAOttawa) January 17, 2022
She captured the moment with a selfie while people hurried and worried to help her. 🤦🏼♀️ pic.twitter.com/ML6zWlSa9m
— Lynda Douglas (@MammaMitch) January 17, 2022
Размислувајќи како да ја извлечат, луѓето во близина спремиле јаже и кајак, а жената за тоа време се качила на врвот на автомобилот и како да не е во животна опасност „удрила“ селфи.
Таа и се насмевнала на фотографијата, а покрај тоа што поминала без повреди, по оваа сцена била цел на осуда на интернет.
„Таа се фотографира додека луѓето се без памет и бараат да и помогнат“, напишал некој.
„Америка 2022“, „Болно“, „Нејзиниот автомобил го проголта река, но барем стана популарна“, „Мислам дека нема фотографија што подобро ја опишува денешната ситуација“, „Живееме во толку погрешно време“, се само некои од коментарите.
Полицијата во Отава соопштила дека автомобилот минал низ мразот на замрзната река и почнал да тоне со значителна брзина.
„Ниту еден мраз не е безбеден, бидете исклучително внимателни“, предупредиле тие.
Фото: Принтскрин/Twitter