(ВИДЕО) Погледнете ја реакцијата на малото девојче (6) кое после еден месец ја видела мајка си која работи со заболени со корона вирус!

Озге Кочак работи како медицинска сестра на поликлиника која се занимава со лица заразени со коронавирус.
Таа е исто така мајка која морала да ја напушти ќерка си неколку недели за да може да си ја заврши својата работа, но и да го заштити семејството.
Кога дошло време да се врати дома, Озге ја изненадила нејзината ќерка, која во тоа време возела елосипед. И, сето тоа можеме да го видиме во прекрасна, снимка која ги топи срцата.
Нејзината ќерка Ојку била со нејзините баба и дедо за да го намалат ризикот од потенцијална зараза. Нејзиниот татко бил во карантин затоа што работел во старечки дом.
„Не можам да ги опишам чувствата“, рече Кочак, „мојата ќерка не сакаше ниту да разговара со нас преку телефон. Таа сакаше да знае зошто не бевме со неа и зошто не можевме да се видиме и дали сме позитивни за вирусот. Беше многу тешко да се разделиме од неа“.
Секоја чест на овие родители кои се жртвуваат за да им помогнат на болните.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …