(ВИДЕО) Погледнете го трејлерот за последната улога на Даниел Деј Луис

Во новиот проект на режисерот Пол Томас Андерсон, „Phantom Thread”, глумецот Даниел Деј Луис ја има својата последна улога на филм.
Во филмот, тој го глуми Рејнолдс Вудкок, славниот кројач од 50.ттите години на минатиот век, кој „ги облекувал“ кралските семејства и џет-сетот. Жените доаѓаат и си заминуваат, се’ додека тој не ја сретне младата, но решителна Алма, која ќе заземе трајно место во неговиот живот.


Деј Луис, кој во својата кариера освои три „Оскари“ за најдобра главна машка улога, во јуни и соопшти на јавноста дека се повлекува од глумата, без натамошно образложение.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …