(ВИДЕО) Каква реклама за „Suburbicon“: Џорџ Клуни пред камери го оцрнил својот пријател и глумец

Иако кавгата помеѓу водителот на ток шоу, Џими Кимел и Мет Дејмон трае 13. години, овојпат поен во кавгата му отишол на водителот и тоа со голема помош на глумецот и режисер Џорџ Клуни
Џорџ Клуни се здружил со Џими Кимел за да комично „го исплука“ својот пријател и колега Мет Дејмон. За оние кои ја следат ситуацијата со Дејмон и Кимел станува збор за кавга која трае 13. години.
Водителот на доцната ноќна програма тогаш направил шеговит коментар за тоа дека го исфрлил Дејмон од епизодата иако не било време. Тој виц се повторува веќе тринесет години, во секоја пригода во која Кимел успева „да го навреди“ Дејмон.
Секако, ниту Дејмон не останал должен па му возвратил со слични коментари, насекаде. Но, овојпат бодот преминал кај Клуни и Кимел, бидејќи ова е навреда од која тешко се опоравува.
„Го изнајмивме Дејмон за филмот бидејќи не можевме да си го дозволиме Бред Пит“ рекол режисерот на надоаѓачкиот „Suburbicon“.
Но, работите малку се свртеле кога ненадејно се појавил Мет Дејмон и почнал да се брани…
Погледнете го видеото:


„Suburbicon“е мирна приградска населба со достапни куќи и уредени тревници. Идилично место за создавање семејство, а во летото 1959. година семејството Лоџ го направило токму тоа. Но, мирната надворешност крие вознемирувачка стварност.Мирната атмосфера всушност ја прикрива вознемирувчката вистина создадена од предавство, измами и насилство.
Режијата на филмот ја прифатил Џорџ Клуни, а главните улоги ги презеле Мет Дејмон, Џулиан Мур, Ноа Јуп и Оскар Исак.
Филмот во сите подобри кина доаѓа на 16. ноември.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …