(ВИДЕО) Почина актерот познат по улогите во филмовите за Џејмс Бонд

„Нашиот татко каде и да одеше со себе носеше задоволство и хумор, и почина со стил“, изјавиле ќерките на актерот.
Американскиот актер, Дејвид Хедисон, кој е најпознат по улогите во двата филмови за Џејмс Бонд, починал во 92. година од животот.
Тој во далечната 1973. година се појавил во првиот филм за Џејмс Бонд, под името „Live and Let Die“, во кој улогата на агентот 007 ја толкува Роџер Мур, и тоа во улога на Феликс Лајтер.


Хедисон 16 години подоцна повторно се вратил играјќи во уште едно продолжение на Бонд со наслов „Licence to Kill“. Во меѓувреме работел на други проекти.
На официјалниот Твитер профил „Џејмс Бонд“, со тага е соопштено дека починал Дејвид Хедисон, со негова стара фотографија од времето кога го толкувал CIA агентот, Феликс Лајтер.


„Многу нѝ е жал што почина Дејвид Хадсон. Нашите мисли се со неговото семејство и пријателите“, пишува на твитот, со дополнување кои улоги Дејвид ги толкувал во 007 остварувањата.


Хадисон е познат и по улогите во научно-фантастичниот филм „The Fly“, од 1958-ма година, телевизиската серија „Voyage to the Bottom of the Sea“, но и во филмовите „The Colboy“, „The Love Boat“, „The Fall Guy“ и „Dinasty“.

Хедисон ќе остане запаметен како многу позитивен и оптимистичен човек кој често знаел да каже дека филмовите во кои се појавувал, повеќето биле „фотографии кои повеќе никогаш не сака да ги види“.
Смртта на актерот ја потврдиле и неговите ќерки Александра и Серена.
„Нашиот татко каде и да одеше со себе носеше задоволство и хумор, и почина со стил“, изјавиле ќерките на актерот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот познат актер Данчо Чевревски

Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој беше познат македонски …