90-годишната Маргарет Кинан од Енискилен во Северна Ирска, прва во Велика Британија прими вакцина против коронавирус од Pfizer/BioNtek.
„Се чувствувам привилегирано што сум прва вакцинирана против ковид 19, тоа е најдобриот подарок за раниот роденден што би можел да го посакам, бидејќи тоа значи дека конечно ќе можам да се радувам на дружењето со семејството и пријателите во Новата година – откако поголем дел од годината бев сама“, рекла Маргарет.
„Не можам да не им се заблагодарам на вработените во NHS кои ме чуваа и мојот совет до сите на кои им беше понудена вакцината е да ја земат – ако можам да ја добијам на возраст од 90. години, можете да ја добиете и вие“, рекла таа.
Велика Британија, како прва западна земја, денес почнува со вакцинирање на своето население со вакцина изработена од Фајзер и БиоНТех.
Велика Британија нарачала 40 милиони дози на „Фајзер“, што е доволно за помалку од една третина од населението од 67. милиони жители, со оглед на тоа што е потребно двапати да се добие потребната вакцина со цел лицето да добие имунитет.
Фајзер, од Белгија, ги испратил првични количини, кои до викендот стасале на безбедни места во Велика Британија. Околу 800.000 дози се очекува да бидат достапни во првата недела од вакцината.