(ВИДЕО) Пејачката оди зад решетки: Поради експлицитни кадрови во спотот осудена на две години затвор!

Шаима Ахмед оди зад решетки. Поради спорните кадрови судот одлучил да ја лиши од слобода на дури две години.
Секси призорите на Шаима Ахмед, попозната како Шима го запалиле интернет, но и ја кренал полицијата на нозе. Популарната египетска пејачка минатиот месец била уапсена поради спотот „кој поттикнува на разврат“ а сега пристигнал и судскиот епилог.
Судот во Египет 25. годишната пејачка ја осудил на две години затвор, пишува Daily Mail.Истата казна ја добил и режисерот на провокативниот спот чија идеја било Шима, во долна облека, во спотот заводливо да јаде банана, што ги збеснало египетската власт.


Откако во Египет се кренала доста прашина поради Шима, младата пејачка им се извинила на своите сограѓани.
„Немав намера никого да навредам. Се извинувам“ напишала Шима на својата службена страница на Фејсбук, која во меѓувреме е избришана.
Ова не е првпат во Египет да се одвива вакво сценарио. Пред Шима на казна затвор во траење од шест месеци биле осудени три танчерки бидејќи нивниот танц во спотот бил премногу предизвикувачки.
Шима има право на жалба на пресудата,но дали ќе ја искористи останува да видиме.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …