(ВИДЕО) Пајак, миленикто на младата генерација со нов видео запис – „Ноќва“

Откако влезе под капата на Урбан Рекордс продукција, младиот и талентиран Пајак непрекинато работи на многу нови проекти и е доста продуктивен изминатите три месеци. Така веднаш во месец мај ја издаде песната „Dark Side„ – која со два милиони прегледи поминува одлично. Потоа во јуни следуваше „Крај„ а веќе денес ја промовираме Ноќва“, сите издадени со видеозапис.


Ноќва е нумера во трап стил за која музиката и текстот се на самиот Христијан Настески – Пајак, додека аранжманот, миксот и мастерингот се на Иван Јованов – Ивајо.

Режисер на спотот е Гордан Божиновски во соработка со Artistic Production i Digitalbox. Се снимаше на повеќе локации, вечерно низ скопските улици и дел во Охрид.


 

Во продолжение новиот видео запис за Ноќва, која веќе се наоѓа на трендинг позиција на јутуб и се надеваме дека и таа ќе допре како и останатите и ќе остави важна порака на публиката.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Калиопи со концерти во Скопје и Битола

Македонска поп-рок ѕвезда Калиопи, ќе одржи ексклузивни концерти во Скопје, на 19 октомври, во „Арена …