(ВИДЕО) Отштета од 16 милиони долари: Вдовицата на Коби Брајант победи на суд

Вдовицата на НБА ѕвездата Коби Брајант доби судска пресуда од 16. милиони долари отштета поради протечените фотографии од телата на жртвите од хеликоптерската несреќа во 2020. година, во која покрај Брајант, нивната 13-годишна ќерка Џијана, загинаа уште седум лица.
Ванеса Брајант го тужеше округот Лос Анџелес за нарушување на приватноста, откако ги обвинила канцеларијата на шерифот и противпожарната служба за споделување грозоморни фотографии, пренесуваат медиумите.
Крис Честер, чија сопруга Сара и ќерката Пејтон исто така биле меѓу загинатите, добил отштета од 15 милиони долари.


Ванеса Брајант поднесе тужба и против компанијата за изнајмување хеликоптери и имотот на пилотот кој исто така загина во несреќата.
Округот Лос Анџелес веќе се согласи да плати 2,5 милиони долари за да се реши сличен случај што го поднесоа семејствата на другите жртви на несреќата.
Коби Брајант имаше 41 година кога загина во хеликоптерска несреќа во близина на Калабасас, Калифорнија.
Тој играше за Лос Анџелес Лејкерс 20. години и освои пет шампионски титули во НБА. Се пензионираше во 2016. година.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Познати музички имиња од Македонија и Балканот овој викенд ќе настапат на манифестацијата „Вкусовите на Гази Баба“

Најдобрата забава во Скопје ќе се оддржи токму во општина Гази Баба на 4ти и …