(ВИДЕО) Оскаровката сподели снимка од Украина: „Ми го промени животот“

Објавувајќи видео на кое се прикажани уништени згради и раселени деца на Твитер, ѕвездата од „Molly’s Game“ им кажа на обожавателите дека „и требале неколку недели да процесуира сè што видела на своето патување во Киев“.

На едно видео, таа може да се види како ја посетува локалната детска болница каде што едно дете и подарува уметничко дело што го направиле.
„Едно од искуствата од ова патување што ми го промени животот беше мојата посета на детската болница: Охматдит“, напиша таа, „Имав можност да запознам неверојатни деца и режисерот Володомир Жовнир. Децата ме воодушевија со нивната надеж и сила”.
„Многумина беа раселени од своите домови и поминаа месеци во болница. Во Украина се развива голема хуманитарна криза. Не можеме да ги заборавиме невините погодени од бесмислените акти на насилство. Благодарна сум што ги запознав овие слатки мали деца со големи храбри срца”, вели таа.
Да потсетиме, освен Џесика Честејн, Украина ја посетија и бројни познати личности кои му дадоа поддршка на Зеленски. Шон Пен, Анџелина Џоли и Бен Стилер се само дел од личностите кои ја посетиле Украина од почетокот на војната.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …