(ВИДЕО) Објавен трејлерот за ТВ серијата „Терор“ на Ридли Скот

Објавен е првиот трејлер за ТВ серијата „Терор“ на Ридли Скот, заснована на истоимениот роман на Ден Симонс.
Станува збор за фиксативна приказна инспирирана од мистериозното исчезнување на експедицијата на славниот истражувач Сер Џон Френклин од 1845. година, чија мисија била пронаоѓање на северозападниот пролаз помеѓу Атлантикот и Тивкиот океан.
Сите 129. членови на експедицијата на Френклин умреле откако бродовите „Терор“ и „Ереб“ се нашле заледени во ледот, а овој настан се смета за најголема катастрофа во историјата на Поларното истражување. Трупот на „Терор“ е откриен на Арктикот минатата година, цели 168.години после несреќата.
Како одговор на прашањето што се случило во Северозападниот пролаз
во 1845. година. Симонс во својот роман „Терор“ буди застрашувачка приказна за судбината на морнарите кои се соочуваат со незамисливо студенило, повеќемесечна темница, глад и – како сиот овој ужас сам по себе да не е доволен – со непознато чудовиште од ледот.
Серијата „Терор“ ќе има десет епизоди, а премиерата се очекува на кабелската мрежа АМЦ на 29. март 2018. година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …