Тој е најисплатлив глумец во светот во 2017. година

Холивудскиот глумец Вин Дизел оваа година од тронот на најисплатливи глумци во светот го симнал својот колега Двејн Џонсон, пишува Форбс.
Дизел кого публиката моментално има можност да го гледа во филмот „xXx: Return Of Xander Cage”, се нашол на првото место на листата на глумци чии филмови оствариле најголема заработувачка во 2017. година.Насловите во кои се појавувал од кино благајните ширум светот донеле дури 1,6 милијарди долари.
Заработката од 1,5 милијарди долари на „Карпата“, Двејн Џонсон, му го донело второто место чиј филм „Jumanji: Welcome To The Jungle” моментално се прикажува во кино салите. На третото место пак се наоѓа глумицата Гал Гадот, ѕвезда во филмот „Justice League”, чии остварувања од кино благајните донеле 1,4 милијарди долари.
Следи Ема Ватсон на четвртото место, чии филмови заработиле 1,26 милијарди долари, глумецот Џони Деп се нашол на петтото место на листата на Форбс, додека филмовите „Star Wars: The Last Jedi” и „Murder On The Orient Express” придонеле со 1,08 милијарди долри, кој на глумицата Дејзи Ридли и ја обезбедило шестата позиција.
Филмовите на Том Холанд кој се појвува во „Spider-Man: Homecoming” заработиле 888. милиони долари па така овој глумец се нашол на седмото место на листата, а зад него следи Крис Прат на осмото место и Крис Хемсворт на деветтото место.
Џон Боајега глумел во три филма кои публиката имала можност да ги види оваа година – „Star Wars: The Last Jedi”, „Circle” и „Detroit”,а благодарение на вкупната заработувачка на филмовите во кои се појавува од 800. милиони долари заслужено се нашол на десеттата позиција на листата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …