(ВИДЕО) Објавен трејлерот за новиот Fast and Furious, фановите вон себе од воодушевување: „Оваа е поинаква“

Објавен е трејлерот за новиот, десетти дел од сагата Fast and Furious наречен Fast X, со Вин Дизел и Џејсон Момоа во главните улоги.
Во трејлерот може да се види дека Момоа, кој се прослави со улогата на Аквамен и Кал Дрого во Game of Thrones, ќе биде главниот негативец по име Данте, а во филмот покрај Дизел, Шарлиз Терон, Хелен Мирен, Бри ќе се појават и Ларсон, Мишел Родригез, Тајрис Гибсон, Лудакрис, Сунг Канг и Натали Емануел.


Фановите едвај чекаат
Филмот ќе започне да се прикажува на 19 мај, а фановите, барем ако им се верува на коментарите под трејлерот на YouTube, едвај го чекаат.
„Ме воодушевува, колку и да снимат од овие филмови, секогаш едвај го чекам следното продолжение. Лудо“, „Пораснав со овие филмови и искрено едвај чекам да излезе новиот“ , „Ова продолжение изгледа сосема поинаку од претходните, повеќе е приземјено“, „Едвај чекам да излезе ова, тоа е мојата омилена франшиза“, „Ова ми дава некои вибрации на Avengers Endgame. Се надевам дека нема да биде разочарување“, „Овој филм мора да се види во кино“, се само дел од коментарите.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …