(ВИДЕО+ФОТО) СО ДЕНОВИ БИЛ ЗАРОБЕН – Чудо во Турција: Момче во дрес на Фенер спасено по 119 часа, прво прашал за натпреварот

Во морето трагични и страшни вести од Турција и Сирија по разорниот земјотрес, една убава приказна доаѓа од градот Кахраманмарас во која момчето Камилџан Агдас е спасено по 119 часа во урнатините.
Агдас (16) спиел во дресот на својот сакан клуб Фенербахче кога неговиот град го погодил страшен земјотрес. Следувале денови на ужас, но на крајот овој 16-годишник бил спасен.
Младиот навивач на Фенербахче е спасен по 119 часа поминати во урнатините. Тој спиел во дресот на својот сакан клуб бидејќи Фенер требало да одигра натпревар тој ден, кога се случи земјотресот.


Првото нешто што ги прашал своите спасители било: „Кој ден е денес?“. Турските медиуми наведуваат дека тој цела ноќ ја поминал во дресот бидејќи нетрпеливо го чекал натпреварот.
Да не се случеше земјотресот, тој ден Фенербахче ќе играше против Коњаспор и младиот човек со посебно внимание ќе го следеше дуелот и ќе ги бодреше своите миленици.

Секако, се огласија и од Фенербахче. Од овој познат турски клуб напишаа дека по овој случај повторно веруваат во чуда.
„Вечерва, 119 часа подоцна, очите ни се насолзени и повторно веруваме во чуда. Ни претстојат уште многу натпревари. Те чекаме Камилџан“, објавија на официјалниот сајт на Фенербахче.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Ептен Љубовна“ – свежо музичко остварување со видеоспот, во изведба на Игор Џамбазов feat. Sarah Mace & The Girlz

Вчеравечер, на YouTube каналот на Сара Мејс, премиерно беше објавен видеоспотот за најновотомузичко остварување „Ептен Љубовна” во изведба на Игор Џамбазов и …