(ВИДЕО) Објавен спотот за евровизиската песна „YOU“ со која Васил Гарванлиев ќе нè претставува во Ротердам:„Рефрен што влегува во уво…“

Синоќа, како што беше најавено, беше промовиран спотот за песната „YOU“ со која Васил Гарванлиев ќе ја претставува нашата држава на овогодишното издание на Евровизија.
„YOU е покана за сите да се поврзат, отворат, танцуваат и го слават моментот“, нагласи македонскиот пејач, кого на 12. мај го очекува настапот на „Евросонг“.


Песната е дело на сестрите Невенка и Калина Нешкоски од Охрид, кои живеат во Чикаго.
Популарното музичко натпреварување ќе се одржи во Ротердам, Холандија. Васил, кој минатата година ѝ беше придружен вокал на Тамара Тодевска на музичкиот хепенинг, ќе настапи на првата полуфинална вечер на 12. мај. додека големото финале е закажано за 16 мај.
Можеби сите имавме големи очекувања од Васил и неговиот тим…особено што токју тој потенцира дека на јавниот повик за песна пристигнале 250. композиии…
Можеби после минатогодишната „Горда“ со Тамара и’ оваа година очекувавме едно сериозно „музичко дело“ со кое ќе се претставиме на Евросонгот…


Наместо тоа добивме една лесна тема, но со рефрен кој „влегува во увото“ – на прва…
Меѓу бројните коментари на Јутјуб има многу критики но и симпатии за песната која, барем така се чини, им се допаѓа пред се’ поради певливиот рефрен.
Е, ако на Евросонгот секогаш бил важен рефренот, ќе видиме дали на годинешното издание тоа ќе биде доволно и за влез во финалето…


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …