(ФОТО) Мост на покривот на Европа кој годишно го посетуваат половина милион луѓе

Aiguille du Midi е место на кое можете да бидете најблиску до Монт Бланк, без качување и планинарење, а освен видиковецот од кој „пука“ совршен поглед, на посетителите им нуди и адреналинско возење со жичарата од Шамони…


Aiguille du Midi е планински врв на француските Алпи висок 3.842 метри и го посетуваат повеќе од половина милион туристи годишно. Сместено е југоисточно од легендарното Ски одморалиште, Шамони, и е познат по жичарницата која веќе дваесет години го држи рекордот на највисока во светот.


Жичарницата која води од Шамони (1035 м) до Aiguille du Midi е изградена во 1955. година, и иако ја напуштила старата слава – таа сепак го држи рекордот за највисоко вертикално искачување во светот (1.035 до 3.842 м). Возењето со жичарницата трае околу 20. минути, а опо излегувањето на врвот, на посетителите здивот им го одзема прекрасен панорамски поглед од малиот мост. Во убави денови, без облаци, доаѓаат да се восхитуваат на Мон Бланк.


Aiguille du Midi е местото каде што можете да се приближите до Мон Блан без да се искачувате или планинарите. Врвот што би можел да се преведе на македонски како „Попладневна игла“ навистина може да го означи времето – кога ќе се гледа под црквата во Шамони, можете да бидете сигурни дека е 12. часот додека сонцето е над врвот.
Ако одлучите да се возите со жичарница, треба да се запомни дека ќе треба однапред да се регистрирате на официјалната страница. Исто така, жичарницата се одржува еднаш годишно, што трае од две до три недели во ноември и во овој период не работи. Повратен билет за возрасни лица не е ефтин – чини околу 4.000 денари, додека семејното возење чини 12.500 денари.



Освен култниот жичарница, посетителите ги привлекуваат и стаклената инсталација на „Step Into the Void”“ (Зачекорете во празнина) на архитектот Пјер-Ив Чајс.


Драматичниот видиковец не е за оние со слабо срце, а погледот кој се простира низ стаклото не се заборава. Наводно е сигурен и отпорен на ветрови со јачина до 225. км/час.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светата маченичка Татијана

Светата маченичка Татијана се почитува како христијанска светица и маченичка. Таа била родена во Рим …