(ВИДЕО) Новинарка излестувала од плажа – гледачите не можеле да поверуваат кој и се придружил!

Новинарката која известувала од плажа на Флорида, која е отворена после карантинот не се изненадила кога и пристапил нејзиниот необичен соговорник, но нејзините гледачи сигурно да.
Откако ја изговорила најавата микрофонот го предала на – Смртта.Или, барем така се чинело.


Всушност, станува збор за локалниот адвокат Даниел Јулфилд кој на плажата дошол облечен во костум на Смрт, за да протестира поради, како што тврди, прерано укинатите рестрикции кои, според неговото мислење, ќе резултираат со продолжување на опасноста од зараза со корона вирусот.


„Тука сум за да укажам дека е прерано за отворање на плажите. Мислам дека е опасно луѓето да се собираат и дека тука вирусот ќе се шири па ќе биде продолжено и времето за опоравување. Мислам дека ни требаат подобри мерки. Ова е прерано и не е соодветно“, рекол тој.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …