(ВИДЕО) Новинар на CNN пијан водел пренос од дочек на Нова година

Андерсон Купер, новинар на CNN се опил за време на преносот од дочекот на Нова година на њујоршкиот Тајмс Сквер откако тој и другиот водител „на екс“ испивале текила.
Веднаш на почетокот нагласил дека не е навикнат на алкохол и дека веројатно ќе му биде тешко да остане присебен.
„Мислам дека плуќата ми изгореа“, коментирал после првата чашка.
„Тоа е само почеток“, го предупредил колегата Енди Коен.


Откако испиле уште неколку чашки, почнал да зборува драматично и да прави гримаси, а во еден момент се пошегувал дека се плаши дека Коен ќе го грабне и бакне.
Ова не е првпат новинаирте на CNN да правеле чудни работи за време на преносите во живо. Еден си го дупнал увото, некои се соблекувале, а некои пушеле марихуана, пишува Washington Post.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …