(ВИДЕО+ФОТО) Сопругата на познатиот кувар, и покрај пометнувањето пред две години, бремена по петти пат: А, се’ објавиле со преслатко семејно видео!

Гордон Ремзи (52) и неговата сопруга Тана (42) повторно ќе станат родители. Тоа е веста која славниот готвач ја објавил на Инстаграм.
Иако на прв поглед се чини како обична честитка во која неговите деца на следбениците им честитаат среќна Нова година, на самиот крај се појавува и сопругата Тана која го открива трудничкото стомаче.


View this post on Instagram

Exciting news ! Happy new year from all the Ramsay’s


A post shared by Gordon Ramsay (@gordongram) on


„Возбудливи вести! Среќна нова година од сите Рамзиеви“, порачал 52. годишниот готвач.

Двојката веќе има четири деца: 21. годишната Меган и 17. годишната Матилда и 19. годишните близнаци Џек и Холи, а радосната вест сите ги израдувала бидејќи пред две години Тана ненадејно во петтиот месец на бременост доживеала спонтан абортус.
„Здраво луѓе, Тана и јас сакаме да ви заблагодариме за поддршката во текот на изминатите недели. За жал, Тана, имаше спонтан абортус со нашиот син, во петтиот месец на бременост. Заедно, како семејство, зацелуваме, но сакам да ви заблагодарам на сите за неверојатната поддршка и добрите желби“, напишал Гордон Ремзи во 2016. година, кога тоа се случило, на Фејсбук.

Гордон и Тана неодамна прославиле 22. години брак, а тој почест на својата сорпуга и одал и на социјалните мрежи објавувајќи нивна стара фотографија.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …