(ВИДЕО) НОВИ ЛИЦА НА МАК РОК СЦЕНАТА: „Манас“ го претстави деби синглот „Намера“

На македонската музичка сцена се појави ново име – бендот „Манас“ кои го претставија својот деби сингл „Намера“ за кој снимија и спот…
Промоцијата беше на 10 октомври 2021., а промоцијата се одвиваше онлајн. Овој сингл може да го преслушате на сите популарни платформи вклучително и Deezer, Spotify, Apple Music и се разбира YouTube.


Композиција, текст, музичка продукција, вокали: Михајло Вуковиќ
Тапани: Дарко Стојанов
Бас: Анастасија Крстевска
Сајзер: Сара Панковска
Гитара: Петар Саркањац
Микс, мастер: Александар Стефановски

Во главни улоги: Јован Вуковиќ, Тања Николовска
Режија: Јован Саркањац
Камера: Борис Ралев, Виктор Стојков
Монтажа: Влатко Владимиров
Продукција: Стефан Александар Јовановски
Арт: Петар Вуковиќ
Статисти: Игор, Бојан, Дејан, Ана, Доми, Штере


Неофицијално дознаваме дека Манас ќе настапат на фестивалот АНДЕРФЕСТ во Скопје кој ќе се случи во Октомври наредната година.


Вуковиќ за целта со музиката што ја прават вели:
„Не сакам да звучам премногу дипломатски, ама ако би морал да дефинирам која ни е намерата со музиката што ја правиме, би рекол дека сакаме да ја освежиме македонската публика со нови песни на македонски јазик, да придонесеме на македонскиот цаитгаист и да ја поттикнеме националната музичка сцена да твориме и растеме заедно. Фала на сите вас што ни помагате да се оствари таа некоја визија“..
Manas се нов бенд, за кој ако се суди по првиот сингл, има огромен потенцијал. Првата песна е одличен алтернативен рок, во кој ќе уживате дури и ако не сте љубител на рок музика.

Фото: Принтскрин/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 21 година без нашиот истакнат актер Кирил Ќортошев

Кирил Ќортошев е роден во Ќустендил на 14 февруари 1922 година. Тој беше истакнат македонски …