Ладно, врне, човек да се замисли дали да облече нешто потопло…Како преку ноќ да залади…Еве какво време најавува УХМР за наредните 5. дена:
Денес (четврток) ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), проследени со засилен северен ветер. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка од 10. до 15. см. Врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места. Дневните температури ќе се движат од 1. до 11. степени.
За утре (петок) се најавува облачно и студено со врнежи од дожд, на места пообилни, особено во југоисточните делови. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Утринските температури во некои делови од земјата ќе бидат под нулата, а дневните ќе се движат од 2 до 11. степени.
Во сабота ќе биде променливо облачно со локална појава на краткотраен дожд. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Минимална температура: 2°C до 9°C. Максимална температура: 8°C до 16°C.
Неделата ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец.Минимална температура: 4°C до 10°C. Максимална температура: 10°C до 17°C .
Во понеделник исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минимална температура: 2°C до 10°C. Максимална температура: 11°C до 18°C.