(ВИДЕО) Нов успех на Антониа Гиговска: И’ покрај падот на сцената со извонредна интерпретација во полуфиналето на „Пинкови ѕвездички – Сите ѕвезди“ разбудила најдлабоки емоции!

„Ти немаше грешка. не паѓаат сите, Бог паѓања им дава на избраните. Бог го дава тоа на избраните, те оптегнува како стрела, така што вечерва си меѓу избраните“, навела Наташа Беквалац.
Синоќа се одржа и првата полуфинална вечер од музичкото натпреварување „Пинкове ѕвездице“. Оваа вечер ја затвори нашата претставничка Антониа Гиговска, која го отпеа безвременскиот хит на Лара Фаблан, „Je t’aime“.
Пред првиот рефрен, Антониа се сопна од една од танчерките и падна на сцената, но и беа потребни само неколку секунди за повторно да се врати во реалноста и да продожи да пее. Овој кикс дефинитивно беше плус за неа, бидејќи ја докажа и покажа своја професионалност.

„Ти немаше грешка. не паѓаат сите, Бог паѓања им дава на избраните. Бог го дава тоа на избраните, те оптегнува како стрела, така што вечерва си меѓу избраните“, навела Наташа Беквалац.
„Кога можеше Бијонсе да падне, можеш и ти. Најважно е што продолжи да ја пееш, најтешката песна. Ти честитам на твојата нова песна, мојата ќерка и јас често ја слушаме. Ти честитам на тебе и Тамара за пласманот на Евровизија, бевте прекрасни, тоа е голем успех за Македонија, јас со целото срце покрај Невена навивав и за вас“ – искоментира Гоца Тржан.

Освен жирито и публиката ја поддржа Антониа и таа продолжи понатаму, поточно си обезбеди влез во финалето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …