(ВИДЕО) ‘NO TIME TO DIE’ -СЛУШНЕТЕ ЈА ПЕСНАТА ЗА НОВИОТ ФИЛМ НА ЏЕМС БОНД: Били Ејлиш ги урива сите рекорди!

После освоените дури пет Греми на годинашните престижни награди, рушење на историскиот рекорд и спектакуларен настап на Наградите на Академијата, Били Ејлиш има уште една причина да слави. Младата Американка е навистина многу успешна на светската сцена. Таа ја сними и музиката за новиот филм за Џемс Бонд, кој за само 12 часа од објавувањето „залудела“ над 5 милиони луѓе


Песната на „Нема време за умирање“ (No time to die) на авцторката Били Ејлиш е официјално објавена во јавноста и веќе е број еден на сите листи за слушање. Песната е направена како поддршка за новиот филм за Џемс Бонд, наречен „No time to die“, кој е последен во кој ќе го гледаме Даниел Крег во главната улога.
Со Греми наградената музичарка песната ја напишала со нејзиниот брат Фајнс, а со своите самошто наполнети 18. години повторно ја испишала музичката историја.



Всушност, Били стана и најмладиот изведувач во историјата на франшизата за тајниот агент 007, што потпишува и изведува тематска песна.


Исто така, и двајцата се приклучија на елитното друштво на музички имиња кои имаа чест да создадат „Џемс Бонд“ песна. Свои придонеси досега имале Пол Мекартни, Мадона, Тина Тарнер, Адел, Сем Смит. Покрај Били и Фајнс, кој е заслужен за продукцијата на песната, ’No Time To Die’ продукциски е потпишана и од Стивен Липсон, додека оркестарските аранжмани ги создале Ханс Зимер и мет Данкли, а Џони Мар е заслужен за гитарските делници.


„’No Time To Die“ е јубилејниот 25-ти филм за Џемс Бонд кој ќе биде објавен на почетокот на април годинава. Даниел Крег по пети пат се наоѓа во улогата на тајниот агент 007 по петти пат, додека главниот негативец го игра, оскаровецот, Рами Малек.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …