(ФОТО) Татко на славната пејачка сопругата ја измамувал со маж: „Морам да го прифатам таков каков што е!“

Џесика Симпсон се потсетила на настаните што уследиле по разводот на нејзините родители, Тина и Џо Симпсон. Првите гласини за разводот излегоа во текот на летото 2012. година, а Џесика во својата исповед индиректно зборувала за причините за брачниот бродолом.
„Во август, мајка ми откри дека татко ми го уништил нивниот брак. Ова ги донесе гласините што се појавија тие денови“, напишала Џесика.
Светските медиуми тогаш објавиле дека поранешниот свештеник и менаџер на неговата ќерка ја признал хомосексуалноста. Тој, наводно, имал афера со 30-годишен маж. Поради „непомирливи разлики“, сопругата Тина Симпсон поднела барање за развод на бракот кој траел 34. години.
„Таа рекче дека имала прекрасни моменти со мојот татко за време на прославата на годишнината од бракот и мислела дека сè ќе биде добро. Јас бев убедена дека сè е добро. Кога го соочила со обвиненијата, татко ми ми се јави на телефон а јас не одговарав“, пишува Џесика.
Во семејниот дом веќе немало место за Џо.


View this post on Instagram

Red Hot for @macys! Can’t wait to see you and all of my favorite @jessicasimpsonstyle pieces including these Alesta heels✨ #OpenBookLOOKS


A post shared by Jessica Simpson (@jessicasimpson) on


“Мислеше дека може да избегне развод, но залудно.Ми рече дека не е во врска со друга личност и дека ја сака мајка ми”, објаснува Џесика во нејзината исповед, пкоја ја пренесува News.au.
Тина и Џо се развеле во текот на април 2013. година. Три дена пред свадбата на Џесика Симпсон и Ерик Џонсон, Џо ја прашал својата ќерка дали може да дојде со Џонатан, млад модел која соработувал со него на фотосесии.
„Сфатив дека морам да го прифатам татко ми каков што е, со сите свои склоности“, вели Џесика.
На прашањето на новинарка од Los Angeles Times за сексуалноста на нејзиниот татко, Џесика не дала јасен одговор, велејќи дека тоа не е „нејзина приказна“.

View this post on Instagram

Saturday Smile 🤠

A post shared by Jessica Simpson (@jessicasimpson) on

Таа ја прекинала нејзината соработка со Џо, кој бил нејзин менаџер во текот на целата кариера. Вели дека тоа било една од најтешките одлуки во нејзиниот живот.
“Морав да му дадам отказ пет пати, бидејќи тој не можеше да ја прифата мојата одлука. Премногу често, јас ги слушав реакциите на моите соработници за да дознаам дали татко ми направил нешто што не го знаев. Луѓето се согласуваа на лошите услови за работа, мислејќи дека јас го барам тоа, а јас немав поим. Тој остави многу повредени луѓе и јас не знаев ништо за тоа. Сè што знам е дека морам да продолжам напред со целосна контрола врз мојата кариера“, вели Џесика.
Во исповедта, таа зборува и за проблемите со алкохолот во текот на 2017. година, сексуалната злоупотреба што ја претрпела во детството, пропаднатиот брак и поранешните момчиња.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Откриено од продуцентот – На Анџелина Џоли и Бред Пит им била понудена вртоглава сума за заеднички филм: Еве колку би можеле да заработат

На Анџелина Џоли и Бред Пит им е понудена вртоглава сума доколку ги остават несогласувањата …