Пилотот на мал авион „Пипер Чироки“ слетал на автопат кај Квебек Сити, Канада, иако во моментот на атерирањето минувале значителен број автомобили, јавува канадскиот „Си-Би-Си“.
Пилотот на „пипер“ повикал пожарникари во Квебек Сити и им рекол дека ќе слета на автопатот на неколку милји од локалниот аеродром.
„Првиот пат видов авион нда слетува на земја на автопат … Освен во филмовите“, рекол Жан-Пол Дост, кој спектакуларната сцена ја гледал од блискиот паркинг.
Авионот слетал поради квар, а на автопатот имало десетици возила, атерирањето минало без никакви последици.