(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО – Овие момчиња имаат чудна и ретка болест – им велат дека поседуваат „ДАР“ но тие плаќаат висока цена за тоа!

Оваа болест прв пат е откриена во 2007 година, а само неколку семејства ширум светот страдаат од тоа.
Мажите од областа Рајшахи во северен Бангладеш се родени со чудна болест. Имено, станува збор за деформација на кожата каде овие млади мажи од семејството Саркер немаат отпечатоци од прсти.
Тоа е исклучително ретка генетска состојба наречена адерматоглифија. Поради оваа состојба, тие се соочуваат со многу пречки во животот.

Тие не можат да имаат ниту СИМ-картички
Она што сè уште претставува проблем за ова семејство е купувањето СИМ-картичка, бидејќи владата на Бангладеш вовела закон со кој купувањето СИМ-картички се условува со давање и споредување на отпечаток од прст со национална база на податоци. Без отпечатоци од прсти, Апу и Амал Саркер не успеале да добијат свои СИМ-картички, па затоа користат картички што се водат на нивната мајка.
Имено, неколку генерации мажи од семејството Саркер се раѓаат со целосно мазни врвови на прстите, што го оневозможува оставањето отпечатоци како основно средство за идентификација.


Некои од последиците од нивната чудна вроденост се такви што не можеле да добијат возачка дозвола, а најмногу избегнуваат да патуваат затоа што се плашат да не бидат контролирани на аеродромот.
„Ја платив таксата, го положив испитот, но тие не ми издадоа лиценца затоа што не можев да дадам отпечаток од прст“, изјавил неодамна Амал Саркер за Би-Би-Си.


Сепак, тие пронашле принудно решение за справување во современиот свет, па таквата напредна технологија им овозможила да добијат паметна картичка со скенирање на мрежницата.
Амал додал дека секогаш со себе носи потврда за возачка дозвола кога вози мотор, но тоа не му помогнало кога полицијата го запрела. Им ги покажал возачката дозвола и мазните прсти, но на крајот сепак му напишале парична казна.

Првиот пациент бил откриен во 2007 година
Болеста е релативно понова и се знае само од 2007. година, кога Питер Итин, швајцарски дерматолог, открил млада Швајцарка, која имала проблеми со влегувањето во САД, бидејќи немала отпечатоци од прсти. Лицето и одговарало на пасошот, но врвовите на прстите и биле совршено мазни, па не можела да остави отисок.


Оваа генетска состојба е исклучително ретка и досега е забележана само во неколку семејства ширум светот.

Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …