Хенри Кавил, најмногу познат по улогата на Супермен, ја игра главната машка улога на Гералт од Ривиа во новата серија „The Witcher” на Нетфликс…
Станува збор за серијата на “Netflix” наречена “The Witcher” која би требало да ги исполни сите очекувања, но и празнината која настана кај љубителите на овој жанр кога заврши „Игри на престолите”.
Според фотографиите од снимањето кои неодамна се појавија на интернет, делува дека фановите ќе добијат нова серија која ќе ја гледаат од недела во недела. Хенри Кавил кој ја толкува главната улога, на Инстаграм објавил дека снимањето е завршено во мај и дека заинтересираните гледачи ќе можат да ја погледнат првата епизода наесен.
“Netflix” уште минатата година објави краток тизер трејлер, покажувајќи го изгледот на Кавил во улогата на ликот Гералт, со неговиот заштитен знак во облик на сребрена коса која многумина ќе ја препознаат од видео игрите.
“The Witcher” е адаптација на романите и кратките приказни на полскиот автор Анджеј Сапковски според кои се направени неколку хит игри. Приказната е сместена во алтернативен средновековен свет и го следи Гералт, патувачки ловец на чудовишта односно вештер кој од младоста е трениран да се бори со сите видови на чудовишта.