(ВИДЕО) Необичен феномен за време на земјотресот во Хрватска!

За време на земјотресот во Хрватска е снимен необичен феномен во кој земјата се отворила и тлото станало течно.
Разорниот земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтер вчера ја погоди областа Петриња во Хрватска.
Покрај Петриња, кој е во урнатини, во земјотресите што траат, беше оштетен и Сисак.
Видеото што беше снимено во тој град вчера покажува необичен феномен на ликвафакција (втечнување) на почвата, што се случува за време на силни земјотреси.
Видеото покажува исплашени локални жители на отворено, додека во земјата се отвораат пукнатини и земјата станува течна.


Иако на неупатените им се чини дека се излеала канализација, всушност, механичките својства на почвата се менуваат поради натопување, при што таа ја губи својата јачина и станува течна, пренесува Спутник.
Овој феномен се јавува поради намалување на напонот помеѓу честичките на почвата, и е предизвикан од зголемен притисок предизвикан од земјотреси.
Иако овој феномен е познат подолго време, особено неговиот негативен ефект, кога почвата целосно го губи своето дејство, дури во 1964. година по земјотресите во Нигата, Јапонија и Алјаска, нејзиниот деструктивен ефект беше забележан од сеизмолозите и градежните инженери.

Фото: Принтскрин/YouTube/ Daniel Pavlic


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …