(ВИДЕО) Не барал помилување: МОНСТРУМОТ КОЈ УБИЛ БЕБЕ ЧЕКА КУРШУМ: Ова е единствената земја во Европа во која постои смртна казна!

На монструмот од Белорусија, Виктор Шахел (48) на Врховниот суд му била одбиена жалбата што ја поднел откако бил осуден на смрт за убиство на осуммесечно девојче не кое му ја исекол главата.
Тоа значи дека тој ќе биде погубен со куршум во главата а ќе биде погубен од државен извршител.
Сајхел, на суд, само одмавнал со раката откако му била понудена последната опција за да се избегне смрт поради монструозното злосторство, а се работело за правото да бара помилување од белорускиот претседател Александар Лукашенко. Тоа пак значи дека тој нема да побара помилување и тој момент бил забележан и во снимката.
ПДа потсетиме дека тој монструозно го убил девојчето Хана, а мајката Наталија Колб треба да биде осудена на 25. години затвор за соучесништво.


Двајцата биле во алкохолизирана состојба кога го убиле детето, а таткото на Хана, Леонид, ја затекнал ужасната сцена кога се вратил дома.
Според белорускиот закон, само мажите можат да добијат смртна казна, а ова е единствената земја во Европа во која сè уште се извршува смртна казна за сериозни кривични дела. Од 1991 година до денес, во Белорусија се погубени 400. мажи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА 1 МАЈ: Попладневна изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – Истата ќе продолжи и преку ноќта кон 2 мај

Метео прогноза на Славчо Попоски: Како што веќе подолго време најавуваме, утре на 1 мај …