(ВИДЕО) НБА ѕвезда со спасил синот (2) од давење во базен – камерите се’ снимиле!

Кошаркарот Андре Драмонд херојски му помогнал на својот двегодишен син Деон кој паднал во базенот. Штом видел што се случило, потполно облечениот Драмонд веднаш истрчал и скокнал во водата за да го спаси својот син кој не знае да плива.
Ѕвездата на НБА објави видео од надзорна камера на Твитер, покажувајќи што точно се случило. Деон седел на работ од базенот и случајно паднал.
„Не сите херои носат наметка. Најлошиот кошмар на секој родител”, напишал кошаркарот во описот на видеото. Тој нагласил дека никој не е повреден.


View this post on Instagram

A post shared by عرب هوب 🔵🔴 (@3rb.hoop)


Андре брзо го фати својот син во базенот и го крена над површината на водата, а потоа го дал на човекот покрај базенот.
Снимката била прегледана повеќе од 1,3 милиони пати за 15 часотжви, а многу кошаркарски следбеници изразиле олеснување што неговиот син е добро.
„Ова се случува повеќе отколку што мислите, за жал, резултатите не се секогаш толку добри“, „Татковиот инстинкт се активираше брзо, секоја чест“, „Тој се однесуваше како вистински татко во оваа ситуација и го спаси своето дете од лоша ситуација“, „Драго, ми е што родителите не биле преокупирани со нешто друго туку знаеле каде им е детето“, се некои од коментарите под видеото.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …