(ФОТО) Здружението „Храбро срце“ и оваа година го одбележува 13 Август – светскиот ден на органодарителството

Здружението „Храбро срце” втора година по ред го одбележува 13 Август- светскиот ден на органодарителството. На овој настан беа поделени едукативни флаери со цел граѓаните да се информираат за донирање органи по завршувањето на нечиј живот.


Ирена Р. Најдевска, поддржувач на Здружението „Храбро срце“ е организаторот на овој настан на кој беа поделени едукативни флаери со цел граѓаните да се информираат за донирање органи по завршувањето на нечиј живот. Целта на настанот е подигнување на јавната свест за потребата и важноста од донирање органи, како и да им се даде поддршка на сите пациенти кои се на листата за трансплантација.


Целта на настанот е подигнување на јавната свест за потребата и важноста од донирање органи, како и да им се даде поддршка на сите пациенти кои се на листата за трансплантација.
Претседателот на „Храбро Срце” – Васко Јолески изрази голема благодарност до Акад. д-р Жан Митрев и до проф. д-р Сашко Јовев, кои се всушност „идеја водилка“ во овој процес што во моментов се развива во нашата земја и кои ни испратија видеопорака за кампањата за подигнување на свеста кај народот за донирање органи.
Посебна благодарност упати до нашиот поддржувач – Ирена Ралева Најдевска што го иницираше овој настан и активно се вклучи во организацијата овозможувајќи да биде успешно реализиран.


На настанот беа присутни доктори од кардиолошкото одделение Св. Стефан од Охрид, предводени од д-р Елена Коваческа Башуроска (д-р Слаѓана Тупаре, д-р Виолета Мојсова, д-р Ѓорѓи Несторов), потоа претставници од Општа болница Охрид и директорот на болницата во Струга, д-р Арменд Арслани.
Од здружението „Храбро Срце” упатуваат благодарност до спонзорите на овој настан: Пункт мебел и Бебе Хоум од Скопје, кафетерија Тераса Аквариус Охрид, Кожувчанка ДОО и Фризерско студио SKILL – Охрид како и до несебичната поддршка од активистите на Црвен крст – Охрид кои и годинава како и лани учествуваат во одбележувањето на овој настан, но и на активистката Гордана Лолеска од Охрид од Здружението на ретките болести.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …