(ВИДЕО) Најубавата жена на планетата ги открила своите облини и многу повеќе

На премиерата на филмот „Вавилон“ во Лос Анџелес, австралиската актерка се појавила во многу интересна комбинација и го оправдала статусот на најубава жена на планетата, титула што и ја додели магазинот Maxim.
Марго Роби (32) се појавила во црн фустан кој се врзува околу вратот откривајќи затегната фигура, но и добар дел од стомакот. Долниот дел бил во вид на „миниќ“, но од левата страна се отвора долг шлеп со интересен додаток.

View this post on Instagram

A post shared by Babylon (@babylonmovie)


Моментот од осумдесетите бил остварен со свилени чорапи и салонки, а во доменот на убавината Марго била многу воздржана, користејќи нуд нијанси, со розови акценти на образите.


View this post on Instagram

A post shared by Babylon (@babylonmovie)


Да потсетиме, Роби неодамна стана најплатената актерка во Холивуд оваа година благодарение на хонорарот за филмот „Барби“ во режија на Грета Гервиг. Според Variety, австралиската актерка е платена неверојатни 12,5 милиони американски долари за да глуми покрај Рајан Гослинг како Кен во долгоочекуваниот филм заснован на иконската кукла со исто име.

Фотки: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …