(ВИДЕО) Пукнал и настанал хаос

Како што пренесуваат германските медиуми, огромен аквариум висок 16 метри експлодирал во петокот наутро во хотел во Берлин.
Германските медиуми јавија дека две лица се повредени.
На Твитер се појави видео од инцидентот, наводно објавено од гостин на хотелот.


На видеото се гледа хаосот кој настанал откако пукнал аквариумот – фоајето на хотелот е во урнатини, а вода истекува на подот во сите правци.
На терен се пожарникари и итната помош. Се уште не е познато како се случил инцидентот.

Улицата на која се наоѓа хотелот е затворена, објавија службите на Твитер.
„Има многу вода на улицата, засега се уште не е позната причината“, соопштила берлинската сообраќајна служба.


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …